Dickies
Компанијата е создадена во 1922 година во мал град во Тексас, САД каде што призведителот на работни комбинизони почнал да напредува. Порастот на брендот Dickies (скратеница од името "Williamson-Dickie Manufacturing Company"), едноставно е резултат на производство на удобна, издржлива и прифатлива облека.
Во 50-тите години брендот го проширил своето присуство на европскиот пазар, а Dickies UK е основан во 1989 година каде и денес е водечки производител на работна облека во Обединетото Кралство.
Брендот Dickies доживува транзиција од своето првобитно опкружување (работна облека) и станува моден тренд меѓу младите. Скејтбордерите се посебно одушевени од панталоните од овој бренд кои се сметаат скоро неуништливи по што брендот доживува дополнителна популарност и култен статус.
Пратејќи ги денешните трендови, Dickies ја има прилагодено својата позната колекција со современ стил додека и понатаму го проширува својот асортиман на работна и секојдневна облека. Производите иако навидум имаат изглед на улична мода, иработени се од издржливи материјали без компромис по прашање на безбедност. Доколку барате однос вредност и квалитет, долготрајност и класичен стил, погледнете ја нашата понуда на Dickies јакни, маици, карирани кошули, панталони и капчиња.
- Dickies East HelenaAs low as 5.032 ден Regular Price 6.290 ден
- Dickies PinesdaleAs low as 4.632 ден Regular Price 5.790 ден