Најчести прашања
Дали може да порачам роба по телефон?
Порачување роба се врши исклучиво преку сајтот (не е возможно да се порача преку телефон, email или друштевни мрежи). Повеќе информации за порачување преку сајтот можете да пронајдете на страната "Како да купам".
Како да знам дека успешно сум порачал/а производ преку сајтот?
Кога ќе извршите успешно купување преку нашиот сајт, ќе Ви се прикаже страна со број на порачката и порака дека успешно сте порачале, Исто така ќе добиете и email со сите податоци за вашата нарачка.
Како да го платам нарачаниот производ?
Моментално плаќање на порачаната роба преку сајтот може да се изврши само при превземање на робата, исклучиво во готовина.
Дали е можно плаќање на рати?
Не е можно плаќање на рати за робата купена преку нашиот сајт.
Дали се плаќаат трошоците за испорака и во кој износ?
За сите порачки чија вредност е еднаква или поголема од 2990 ден, испораката е бесплатна.
Цената за достава чија вредност е под 2990 ден изнесува 150 ден.
Дали постои можност за замена?
При online купување, во случај купениот производ да не ви одговара, можна е замена за друга величина, доколку имаме на состојба или пак за некој друг производ од нашиот асортиман.
Доколку Ви стигнала големина која сте ја порачале, но сепак го менувате или враќате производот, трошоците за поврат и повторна достава ги плаќате Вие.
Доколку Ви стигнала погрешна големина или погрешен производ по наша грешка, трошоците за поврат и повторна достава ги сноси ТАРА МОДА – BEOSPORT.
Повеќе информации за замена на купен производ можете да најдете на страната "Замена на производи".
Дали правите испорака на производи надвор од границите на Република Северна Македонија?
Во овој момент не постои можност за испорака на роба надвор од територијата на Република Северна Македонија.
Во кои големини е достапен производот?
Сите достапни големини се прикажани на нашиот сајт. Доколку големината не е прикажана значи дека е распродадена и дека не е достапна во нашите продавници.
Како да знам која големина ми одговара?
Како подетално би утврдиле која големина Ви е потребна, на нашиот сајт над прикажаните достапни броеви, се наоѓа линк “одреди големина”, каде што можете да ги погледнете големините изразени во cm.
Дали цените се исти на сајтот и во продавниците?
Цените на нашиот сајт и во малопродажба се исти, освен во случај кога е во тек некоја акција која важи во продавниците, а не на сајтот и обратно.
Каде се наоѓаат вашите продавници?
Список и локации на сите наши продавници можете да видете преку линкот.