Рефундирање

Во случај на повлекување од договорот, потрошувачот има право на враќање или замена за друг производ. Уплатениот износ му се враќа на купувачот по приемот на производот, кој тој го враќа поради повлекување од договорот, под услов да се утврди дека производот е неоштетен.

Трговецот е должен без одложување да му го врати износот што потрошувачот го платил според договорот, а најдоцна во рок од 14 дена од денот на приемот на изјавата за повлекување, односно од приемот на производот што купувачот го враќа, поради повлекување од договорот.

Трошоците за враќање на производот се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

Постапка за рефундирање

За да извршиме рефундирање, потребни ни се следниве информации:

  1. Вашите лични податоци;

  2. Број на сметка/фактура за набавка (сте ја примилесо купениот производ);

  3. Број на тековна сметка, на која ќе се уплаќаат средства;

Бараните податоци можете да ни ги доставите со пополнување на формуларот за контакт.

Рефундирањето се врши исклучиво со уплата на тековна сметка.

Не може да се изврши рефундирање со одење во една од продавниците на ТАРА МОДА ДООЕЛ.

Ако поради некоја причина не можете да испратите барање за рефундирање преку формуларот за контакт, можете да не контактирате преку телефон +389 77 946 593.

Исто така, доколку имате дополнителни прашања, секогаш можете да не контактирате преку истиот телефонски број.