Чекор кон удобност
Ова лето удобноста, стилот и практичноста се спојуваат во совршените папучи кои ќе ве придружуваат каде и да посакате да одите. Од релаксирани прошетки на плажа до лежерни прошетки низ градските улици, вистинските папучи можат да го направат секој чекор удобен и стилски.
Со широк избор на материјали, бои и стилови, нашата колекција на летни папучи нуди не само извонреден комфор, туку и атрактивен дизајн кој ќе ја надополни вашата летна гардероба.
Избравме 3 модели кои мора да ги имате оваа сезона. Без разлика дали ќе се одлучите за Kyoto-3, Superdry ili EMU – бидете сигурни дека секој од овие брендови целосно ги исполнува сите очекувања.
МОДЕЛИ НА ПАПУЧИ ЗА ЛЕТО
Ви претставуваме избор од три различни модели на папучи, секој со свој уникатен изглед и намена. Моделите можат да се носат со лежерни комбинации кои се идеални за шетање низ град, елегантни комбинации совршени за вечерни излегувања или спортски активности. Најдете папучи кои одговараат на вашиот животен стил.
Заедно со нашите папучи, нудиме и инспирација за облека. Нашите производи се дизајнирани со идеја совршено да се вклопат во вашиот стил и да придонесат за вашиот модерен изглед.
Kyoto-3 Cloud Walker Cork папучи
За лесни прошетки во текот на денот и вечерта, откријте ги нашите практични модели на папучи Kyoto-3 Cloud Walker Cork. Соединуваат удобност и стил, изработени од квалитетна плута, идеални за опуштени вечерни прошетки покрај морските шеталишта.
Еве зошто папучите од плута се апсолутен хит ова лето: удобноста, малата тежина и природната вентилација ги прават идеален избор за топлите денови. Плутата обезбедува поддршка за стапалата, додека нејзиниот природен материјал ги прави овие папучи одличен избор.
Со комбинација на стил и практичност, овие папучи ќе ви дадат се што ви треба за опуштен и стилски летен изглед. Плутата на папучи е исклучително удобна, но е чувствителна на влага и бара внимателно одржување за да се зачува нејзината издржливост и изглед.
Superdry Core Vegan папучи
Идеални за секојдневни прошетки или неформални активности, Superdry Core Vegan папучите ќе ви обезбедат удобност во вашите секојдневни авантури. Изработени од висококвалитетни вегански материјали, овие папучи се идеални за секојдневно носење во текот на летните месеци.
EMU Silky папучи
За елегантни вечерни прошетки, ги препорачуваме папучите EMU Silky кои обезбедуваат удобност со допир на луксуз. EMU Silky папучите се познати по својата мекост и удобност. Изработени се од висококвалитетен материјал кој наликува на свила, што им дава мазна и нежна текстура.
(photo by: @panpablo)
ИДЕЈА ЗА ЦЕЛОСЕН ИЗГЛЕД
Еве неколку идеи за вашиот изглед кои совршено се вклопуваат со нашите 3 посебни модели на папучи, а сите можете да ги најдете во нашите продавници.
Ви ја претставуваме облеката за плажа, нашата верзија на совршен стил под сонцето. Фустан Pepe Jeans кој е шик и практичен, идеален за над костим за капење. Дозволете нашите папучи од Superdry да ви ја пружат удобноста додека одите по песокот, а нашите стилски наочари за сонце Red Bull да го надополнат вашиот изглед. Не грижете се, нашата торба за плажа O’Neill е доволно голема за сите ваши морски авантури. Подготвени сте за сончање, освежување и бескрајна забава.
Ви го претставуваме нашиот аутфит, идеален за возење велосипед или опуштени прошетки покрај брегот. Со тексас шорцеви Pepe Jeans и маичка Superdry со шарен летен дезен, ќе се чувствувате удобно и во исто време стилски. Нашите папучи од Кyoto-3 ќе ви пружат удобност на вашите стапала, додека нашите наочари Ред Бул додаваат допир на шарм и стилски изглед. Спакувајте се во нашата практична торба Superdry и подготвени сте за сите авантури.
Ви го предлагаме нашиот елегантен Garcis фустан со летен дезен, идеален за опуштени дневни моменти со коктел во барот. Елегантни EMU папучи и чанта Pepe Jeans, кои додаваат луксузен изглед.