„TAKE ME SOMEWHERE“ by Pepe Jeans

 

Барате лесна, но модерна и квалитетна облека за сончевите летни денови?

 

НОВА ЛЕТНА КОЛЕКЦИЈА НА PEPE JEANS

Направете простор во вашиот куфер за нашата најсвежа колекција до сега.

Новата кампања на Pepe Jeans за пролет/лето 2024 наречена „Take me somewhere“ е инспирирана од патувањето и содржи колоритни и динамични елементи. Оваа кампања ќе ви ја задоволи желбата да патувате со стил. Колекцијата елегантно го спојува тексасот во едноставен, но стилски изглед.

Колекцијата изобилува со парчиња со цветни мотиви и пруги во нијанси на беж, сина, розова и зелена боја.

 

PEPE JEANS SS24

Колекција за жени

За нашите дами ги издвојуваме бохо фустаните од Лондон, лелеавите здолништа и опуштените топови. Секое парче е внимателно дизајнирано за максимален стил. Ви ја претставуваме нашата ѕвезда на сезоната - лелеавиот фустан Pepe Jeans. Совршено се комбинира сo костим за капење Pepe Jeans, создавајќи безвременски летен изглед. Како што многумина истакнуваат дека црниот краток фустан е незаменливо парче во гардеробата, би додале дека тексас шорцевите се „must have“ за топлите летни денови.

 

 

 

Колекција за мажи

Мажите може да очекуваат голем избор на чино панталони, ленени кошули и маици со логото на Pepe Jeans. А ако кампањата на Pepe Jeans пролет/лето 2024 е препознатлива по јакната бомбер која го остави цел Лондон без здив, ние го издвојуваме секогаш популарниот модел - поло маичките. Кога се двоумите што да облечете, секогаш можете да ја одберете класичната комбинација, популарната поло маица и шорцеви. Никогаш нема да погрешите со овој совршен избор. За малку посвежи, дождливи денови во текот на летото, кошулата ќе ви даде шик и модерен изглед.

 

 

За да најдете повеќе парчиња облека, посетете не на страницата или во продавниците и откријте широк избор на стилови и трендови кои ќе ве инспирираат за секоја пригода.